Милошоски вели дека мандатот на Дамева како претседател на Советот треба да заврши на 5 декември

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски двегодишниот мандат на Дамева треба да заврши на петти декември следната недела и покрај тоа што осум месеци во претседателската фотеља во Судски совет седеше Сашко Георгиев.

„Сега дел од членовите на РСС, заедно со Дамева, се обидуваат на претседателката на Судскиот совет да и дадат бонус продолжување на мандатот од 8 месеци, како компензација за периодот во кој беше неделовнички разрешена од таа позиција во април 2023 година.

Со 9 гласа „ЗА“ бил усвоен ваков незаконски заклучок на затворениот колегиум во РСС на 25.11.2024. Овој заклучок е спротивен на чл.8 од Законот за Суски совет, а истиот е и без основа, бидејќи со пресудата на Управниот суд од декември 2023 се поништи неделовничката одлука на РСС и со тоа истата не предизвикува правно дејство“ вели Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Дамева одговара дека не може да стане збор за продолжување на нејзиниот мандат надвор од законските 2 години, поради фактот дека имаше прекин од 8 месеци. Таа вели дека Судкси не донел одлука, туку имале дискусија до кога точно ќе и трае мандатот затоа што постојат две одлуки за нејзино разршеување со различен датум во 2023 година.

„За правното прашање околу времетраењето на мандатот, иако членовите на Советот имаа свој став, сепак беа консултирани и правни експерти и еминентни стручни лица од областа на правото, па само се потврди ставот на мнозинството дека мандатот треба фактички да се извршува 2 години.

На јавноста и е добро познато дека функцијата претседател на Судскиот Совет фактички не ја извршував две години, па од почит према јавноста и Вас, новинарите сметав за потребно да известам за овие околности, пласирани од поединци, на кои очигледно им пречи претседавањето на Судскиот совет од моја страна“, посочи Весна Дамева, претседателка на Судски совет. Мандатот на Дамева како член на Судски совет завршува во декември 2025 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*