Попов: Само „Македонската академија на науките и уметностите“ ги претставува земјата и сите етнички заедници

“Постои само една Македонската академија на науките и уметностите која ја претставува државата и сите етнички заедници. Притисокот да се формира моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован”, вели првиот човек на МАНУ, Живко Попов на 57 годишнината од формирањето на Академијата.

Наместо паралелни институции Попов повикува да се формираат научно-уметнички друштва или граѓански здруженија. Академиците се единствени и во ставот дека албанскиот јазик кој е предмет на дискусија и во Уставниот суд, не треба да се укине. Повикуваат на доуредување на законското решение во кое ќе се применат и забелешките на Венцијанската Комисија.

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и се уште не им се гледа крајот, дециден е првиот човек на МАНУ. Вели, по болните компромиси, промената на државното знаме, евроскептицизмот расте и изостананува отворањето на процесот на преговори со ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*