Токму Кос, веднаш по изборот ја кoментираше и македонската евроинтеграција, повторувајќи дека од Македонија се очекува да ги донесе уставните измени.
Сепак, Кос рече дека не може да даде одговор на прашањето дали може да се дадат гаранции дека повеќе нема да има блокади. Таа вети дека ќе се разговара што е можно повеќе со Скопје и Софија.
“Да се зборува, што е можно повеќе, и со Северна Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Северна Македонија.
Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ”, изјави Кос.
Новиот известувач на Европскиот парламент за Македонија Томас Вајц пак, вели дека во новата македонска Влада гледа подготвеност да се оди напред во евроинтеграциите.
“Треба да се обезбеди промена на Уставот, но и да се обезбеди дека нема да има дополнителни барања, тоа треба да биде обврзувачко и чувството е такво во Европската Унија. Владата тешко ќе може да им објасни на гласачите, ако нема гаранции. Треба да работиме на тоа да се обезбедат гаранции и дека нема да има нови барања. Она што е легитимно е тоа што Владата бара јасност за барањата, но не верувам дека ќе помине барањето за уставни измени со одложено дејство”, изјавил Вајц за МИА.