Абази го презентира Извештајот за сработеното во 2023 година на Канцеларијата со која раководи

Обвинителот, Ислам Абази чиј избор ја збуни јавноста пред точно две години, денеска го презентираше првиот извештај за својата работа. Отчет даваше пред Советот на јавни обвинители.

Се пофали дека во соработка со агенцијата ОТА, следењето на телефонски комуникации за потреби на предметите, сега се прави од просториите на обвинителството. Во 2023 година, биле поднесени помал број на кривични пријави во споредба со годината кога не беше на раководната позиција, ама имало поголем број обвинети.

Прашан колку предмети од поранешното СЈО ги работи неговото обвинителство, рече дека не може да ги издвои како бројка. Абази не сакаше да зборува надвор од салата, сите податоци ги презентирал пред советот. Новинарите пак ги интересираше дали обвинителството истражувало функционери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*