Реслер: „Билатералното прашање“ ќе треба да се реши меѓу Скопје и Софија

Расположението помеѓу европарламентарците во однос на билатералниот спор помеѓу Северна Македонија и Бугарија во моментов не е наклонето кон нашата земја.

Извори од европарламентот со кои разговараше ЦивилМедиа велат дека ова прашање не е високо на агендата на европарламентарците и порачаа дека уставните измени мора да се направат, и беа скептични за можни модификации.

„Направете нешто за да можеме да ви помогнеме“, велат соговорниците.

Уште истакнаа и дека по изборите замреле контактите со македонските парламентарци, и дека не се запознаени дали нивните ставови како опозиционери сега се променети откако се на власт. Претседавачот на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, хрватскиот европарламентарец Карло Реслер во изјава за македонските медиуми, порача дека ЕУ повеќе нема илузии дека разликите што постојат меѓу Северна Македонија и Бугарија може да се надминат со некакво магично решение.

„Ова билатерално прашање ќе мора да се реши меѓу двете земји“, истакна Веслер и додаде дека ЕУ може да биде само помагач, медијатор или олеснувач.

„Ние ќе работиме, секако, низ отворен и конструктивен дијалог да најдете излез од оваа ситуација“, додаде Веслер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*