Скопскиот јавен превоз се решава, автобусите се враќаат на улиците

ЈСП ќе добие нафта, Владата одлучи да даде од државните резерви. За градоначалничката на Град Скопје Арсовска, ова е добра политика без инаетење.

Нафтата се доставува до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, автобускиот превоз ќе се нормализира. На вонредна седница на Советот на град Скопје оценија дека Владата направила одличен потег со тоа што активирала дел од државните стокови резерви за гориво за потребите на Градот Скопје.

Оттаму ја поздравуваат одлуката на Владата и очекуваат во текот на ноќта да почнат да се полнат резервоарите на автобусите кои неколку дена не сообраќаа низ главниот град.

Недостигот на нафта неколку недели го попречи нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*