Османи Садриу го коментира проблемот со албанскиот јазик во Северна Македонија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи во своето годишно обраќање пред Собранието на Косово, порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во Северна Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“, јави агенцијата МИА.

„Гледаме многу загриженост кај Албанците во Северна Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор и сакам да ги уверам сите дека ќе дадеме сé од себе за да не се направи чекор назад, туку само чекори напред.

Албанците се конститутивен народ во Северна Македонија со одлучувачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата, затоа секој обид за поткопување на нивните права ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“, рече Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*