Назначување на Шекеринска: Премиерот вели дека националните интереси се пред партиските

Иако постоеа и постојат идеолошки и концептуални разлики, немавме дилема дека поддршка мора да има кога се работи за стратешките интереси на државата”, изјави премиерот Мицкоски по назначувањето на Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО.

„За нас националните интереси и единство се пред партиските и да се има Македонка за заменик-генерален секретар на најголемата и најмоќната воена алијанса во светот е навистина чест. Немав дилема, ниту јас, ниту Влада дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши.

Во текот на вчерашниот ден се слушавме со Шекеринска, разговаравме и нема дилема дека треба заедно да соработуваме за да ѝ помогнеме на македонската Армија, а со тоа и за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“, изјави премиерот Мицкоски.

Шефот на Владата повторно повика на обединување и единство, како и дијалог со опозицијата и тоа не само вербално, туку и на дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*