Мицкоски вели дека рекол за РТК дека владејачкото мнозинство има можеби над 80 пратеници

“Јас таму не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков „можеби имаме и повеќе од 80 пратеника”, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за вчерашното интервју за националната Радио Телевизизија Косово.

Тоа би можело да се види тогаш кога на владејачкото мнозинство ќе му биде потребно двотретинско мнозинство.

“Само кога ќе има потреба од 80 пратеника во Парламентот, тогаш можеби имаме 80 или повеќе од 80 пратеника”, рече Мицкоски.

Ова тврдење премиерот го имал врз основа на информациите со кои располага.

Одговарајќи на прашањето „Кој влегува во владејачкото мнозинство?“, Мицкоски рече: „Па доволно е сега, во овој момент да оставиме. Кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*