Пратеничката Даути повторно одби да го стави предлог-законот на бранителите на дневен ред на Комисијата

Уште еден неуспешен обид да се стави законот за посебни права на бранителите и нивните семејства на дневен ред на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Предлагачот на законот од СДСМ укажа за потребата да се надополни веќе усвоениот закон за бранителите. Претседателката на комисијата Арифе Даути одби да го стави оти бил нецелосен и не ги опфаќал правата на припадниците на ОВК.

“Сè додека сум јас претседател, нема да го ставам на дневен ред”, изјави Даути.

Наиде на жестока реакција и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката на претседателот на комисија да не се расправа по дополнувањето на законот за бранители го поддржаа и од Вреди. Седницата е прекината на неодреден рок, а пратениците од македонскиот блок партии најавија блокада на комисијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*