Самата преговарачка рамка во која се вклучени сите пршања кои Македонија мора да ги реши на патот до полноправно членство во ЕУ, е гаранција дека нема да има нови услови во пристапниот процес.
Вака еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји му одговори на новиот известувач за Македонија во ЕК Томас Вајц, откако тој за време на Комсијата за надворешни работи на која беа презентирани Извештаите за напредок на земјите-кандидати.
Упати низа клучни прашања за евроинтеграциите на Македонија. Отворено забележувајќи и на Унијата дека и покрај отстапките кои ги направи Македонија, се уште не се отпочани преговорите, Вајц отворено праша дали доколку остане едногласниот модел на одлучувње, Унијата може да ипорача гаранции до македонската влада. Вајц отворено предупреди и за евроскептицимот во земјава и високиот процент на македонски граѓани кои не веруваат дека Македонија воопшто некогаш ќе се приклучи во европското семејство.
„Како ние како ЕУ можеме да дадеме гаранции на сегашната Влада, имаше промена на Владата, која сега има мнозинство кое е блиску до потребното мнозинство и за оваа нова уставна измена би можеле да испорачаат теоретски, за вклучување на бугарското и другите малцинства. Но, како можеме да им гарантираме дека за месец, два или три нема да биде поставен некој друг билатерален услов од Бугарија, или не знам, некоја друга земја членка и повторно да го блокира поцесот?“, изјави Томас Вајц, известувач во ЕК за Македонија.
„Како може да гарантираме дека нема да има дополнителни барања? Самата причина што имаме преговарачка рамка која ги вклучува сите прашања кои мора да се адресираат за Македонија да стане земја-членка, беше и самото решение како тоа да се избегне. Токму затоа сега кога имаме преговарачка рамка таа мора да ги содржи сите елементи кои се потребни во смисла на тоа за да се направат потребните реформи. Се согласувам со вас дека сегашната влада е многу близу до потребното мнозинство и се надевам дека ќе посегнат по оваа уникатна можност, бидејќи е јасно дека потоа можат да продолжат понатаму“, одговори Вархеји, Еврокомесар за проширување.
Во однос пак на можноста за промена на моделот на одлучување, Вархеји порача дека остава на неговата наследничка Марта Кос да се обиде да внесе такви промени во Унијата. А токму идната еврокомесарка за проширување промената на едногласниот модел ја става високо на нејзината агенда. Таа недоамна за време на неизиното сослушување пред европратениците проача дека она што се очекува од Македонија е исполнување на превеземената обврска за промена на Уставот, ништо повеќе и ништо помалку.