За сите од ДУИ бесилка и гасна комора. Ваква е-маил порака од непознат испраќач вчера добиле 13 пратеници на ДУИ меѓу кои и лидерот Ахмети.
Од партијата тврдат дека ова не е единствена смртна закана која ја добиле изминатите денови. Иако бараат заштита од институциите сепак ваква пријава до МВР нема. МВР за сите случаи за кои има пријава постапува навремено согласно пропишаните процедури за откривање на сторителот.
До овој момент во Секторот за компјутерски криминал при МВР не се пристигнати пријави од пратеници на политичка партија ДУИ, велат од МВР.
“Заканувачките пораки нема да не исплашат, ниту да не одалечат од нашите политики”, вели пратеничката Рина Ајдари.
“Смртни закани кон било кого не смее да се толерираат”, велат и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.