Промените за два совета во правосудството ќе бидат клучни на патот кон ЕУ, вели Филков

Министерот за правда, Игор Филков, на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе“ на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ истакна дека Извештајот на Европската Комисија претставува силен поттик за потребните реформи.

Тој нагласи дека измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе бидат клучни за напредокот на патот кон ЕУ, за што од утре почнуваат јавни дебати. Министерот информираше и за формирањето на Комората на вештаци, која, според него, ќе игра важна улога во подобрувањето на правниот систем.

“Да бидеме искрени, нас не ни треба никаков извештај за да ни каже какви се состојбите, ниту го чекавме истиот за да пристапиме кон реформските чекори кои ги ветивме на граѓаните и за кои ја добивме довербата. Ние како Министерство за правда, уште од прв ден пристапивме кон реформскиот процес и кон донесување одлуки и измени како сето ова да го придвижиме во вистински правец”, рече Филков.

Нагласи дека реформите во правосудството се одвиваат во согласност со развојната секторска стратегија за правосудство за 2024-2028 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*