Состојба на патиштата 14.11.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Низ целата држава се бележат слаби врнежи од дожд.

Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на П.Шапка и Плетвар 70-80 м.

Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*