Случај Христовски: Агенцијата за национална безбедност испраќа документи до ДКСК

Последниот ден од рокот, АНБ ги испратила документите кои ги бараше Антикорупциска за да утврди дали Бојан Христовски ги исполнува условите за да ја води тајната служба.

ДКСК пред 15 дена отвори предмет за Христовски по анонимна претставка за стажот, искуството, образованието и за бугарскиот јазичен сертификат за англиски јазик. Нема детали што содржи одговорот и дали по праксата на Агенцијата за разузнавање, тој одговор е класифициран со што би се попречило брзо одлучување во предметот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*