Опозицијата е изненадена од изјавите на премиерот дека одредени партиски лидери, посочувајќи го Али Ахмети, се „фактор на нестабилност за земјава“. Врвот на социјалдемократите, кои доскоро со ДУИ ја сочинуваа власта, не гледа причини за паника, но и очекува ако има нешто што се случува во позадина, безбедносните институции тоа да го решат.
„Мицкоски со месеци зборува за некакви закани, па време е тие наводи да се истражат“, порача претседателот на СДСМ.
„Сметам дека освен дел од нашиот секојдневен партиски фолклор, навистина нема за страв и паника. Доколу има, очекувам безбедносните институции да реагираат, Советот за безбедност и конечно нека се состане некое тело, нека анализира и одговори на сите овие повеќемесечни шпекулации дека може да има загани за стабилноста на земјата.“, изјави Филипче.