Амбасадорот Клајн го коментира потенцијалниот ефект од победата на Трамп и патот на Северна Македонија кон ЕУ

“Иако е непознато што точно ќе се случува по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и промената во американска администрација несомнено е дека наскоро ќе се соочиме со нова надворешна и безбедносна политичка реалност”, смета унгарскиот амбасадор во земјава Андраш Клајн.

Тој додаде дека е интересно што веднаш по овие избори повторно почнале да пристигнуваат изјави од ЕУ во кои се вели дека е време унијата да размислува на геополитиката и да се зајакне, а во тој контекст го спомена и проширувањето.

“Ние ќе направиме се што можеме да го промовираме пристапниот процес за Македонија, тоа не зависи од нас, но ако има некоја можност нема да се откажеме.

Ситуацијата не е лесна, компицирана е, но верувајте ми дека ако ги направите реформите кои се потребни и ако Македонија знае како да ги искористи парите кои и се дадени на вашата земја, нема многу да изгубите многу и ќе имате добри можности што е можно поскоро да станате членка на ЕУ”, изјави Клајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*