Премиерот Мицкоски најави жестока борба за професионално судство и обвинителство.
Прашан за коментар околу последениот случај со номинирањето на тројца членови од Судскиот и Советот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, кој антикорупционерите го оценија како незаконско, со ризици за корупција и судир на интереси, Мицкоски прстот за ваквата состојба го впери во, како што рече, инсталации од претходната власт кои, според него, работат за лични интереси, а не за ефикасно правосудство.
“Честопати, во изминативе пет месеци откако сме влада, се случува некои од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки, температура, токму во моментите кога треба да се превземе резолутна акција против криминалци кои беа симбол на минатото седумгодишно владеење, коешто не треба да ни се повтори. Тие инсталации се жилави. Малкумина се, не се многу во судството и обвинителството кои се слепи послушници на СДСМ и на ДУИ и можам да кажам дека на крајот ќе победиме”, рече премиерот Мицкоски.