Инспекторатот констатира недостатоци во случајот со смртта на петгодишно дете

Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат утврди недостатоци во однос на водењето на медицинската документација во делот на дијагнозата кај петгодишното дете кое почина со дијагноза менигоенцефалитис. Исто така, ДСЗИ има забелешки во однос на работата во делот кога на дежурства се ангажираат само специјализанти.

Според извештајот на ДСЗИ детето било донесено на трети Октомври заради силна главоболка и покачена температура. Му била дадена терапија и било пушетно дома, кога било донесено на контролен преглед направени се испитувања и упатено кај матичен лекар. На 6 Октомври повтоно е донесено на клиниката со висока температура и било хоспитализирано. Осум дена подоцна детето било со пад на сатурацијата истото било интубирано. На клиниката биле реализирани конзилијарни прегледи од кардиолог, инфекотлог, нефролог и детски хирург. Детето починало на петти Ноември.

Како причина била наведена менигоенцефалитис, но истиот не бил лабораторски потврден. Обдукција не била направена по барање на родителите.

„Според законот за санитарната и здравствената инспекција до министерот за здравство ќе иницира постапка за сгтручен надзор над лекувањето на детето“, велат ДСЗИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*