ДКСК сè уште собира документација за случајот ТОЕФЛ Христовски

До Антикорупциската комисија досега никој не го доставил спорниот ТОЕФЛ сертификат на директорот на АНБ Бојан Христовски, кој Христовски го доставил до Факултетот за бебзедност. Речиси две недели по барањето, ниту Агенцијата за национална безбедност предводена од Христовски не доставила одговор за да може антикорупционерите да одлучуваат за неговиот избор и дали ги исполнува условите.

Досега стигнал одговор само од влада, а 15-дневниот рок истекува во среда попладне. Постапката е во тек, се преземаат чекори за прибирање на потребната документација за утврдување на фактичката состојба во конкретниот случај и се уште течат роковите за обезбедување на истата, велат од ДКСК.

Освен повеќе оспорени услови за да ја врши функцијата меѓу кои и партиската припадност на ВМРО-ДПМНЕ каде членувал до ноември лани, како најспорен излезе јазичниот сертификат ТОЕФЛ издаден од јазичен центар Јулија во Пловдив. За ист таков сертификат досега се осудени со признание на фалсификат, директорка на училиште во Скопје и директорка на болница во Дебар.

Во меѓувреме призма.мк објави дека тие ТОЕФЛ фалсификати како сомнителни се откриени во истрага отворена пред две години против вработени во агенцијата за администрација. Вработените во државно не биле вклучени во процесот за набавка на фалсификувани ТОЕФЛ туку разменувале информации за да земат пари од кандидати при што спомнувале и јазични сертификати. Според пресудата на која се повикува Призма, лажни сертификати се „нарачувале“ или во Скопје или во Струга.

Во конкретниот предмет обвинителството постапува по поднесени две анонимни пријави и води предистражна постапка, но со оглед на фазата во моментов не е во можност да споделува детали за преземените дејствија, велат од обвинителство.

Од обвинителството не одговорија дали е барана меѓународна правна помош од Бугарија чиј ТОЕФЛ сертификат пријавил новиот директор на АНБ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*