Скопје втор ден по ред е рангиран на седмото место, односно влегува во групата од десетте најзагадени градови во светот. Ова го покажува ранг листата на швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „Ај кју eр“ (IQAir).
Според овие податоци Скопје се наоѓа на седмото место на најзагадени градови со индексот на загаденост е 139, веднаш зад Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и Ташкент во Узбекистан.
На почетокот од месецот министерот за животна средина Изет Меџити изјави дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе.