Премиерот Христијан Мицкоски во саботата, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека земјата мора „да успее и ќе успее“, додавајќи дека својот оптимизам го темели на сите досегашни средби со светските лидери од почетокот на неговиот мандат.
Во врска со неговиот состанок со францускиот претседател Емануел Макрон во Будимпешта, тој изјави дека имало суштински дијалог фокусиран не само на патот кон ЕУ, туку и на многу заеднички проекти во области како што се економијата, здравството и инфраструктурата.
Во однос на изјавата на кандидатот за еврокомесар за проширување, Марта Кос, дадена за време на сослушувањето во Европскиот парламент, кога таа рече дека се очекува Северна Македонија да ги направи уставните измени, премиерот рече дека го разбира тоа со оглед на тоа што таа требало да го помине „сослушувањето“, по кое европратениците, меѓу кои и бугарските требаше да гласаат за нејзиниот избор за еврокомесарка за проширување на Европската Унија.
Што се однесува до барањата на ДУИ за предвремени избори, Мицкоски истакна дека го разбира „нетрпението“ на опозициските политичари затоа што има чувство дека „допрва ќе доаѓаат проблеми за одредени политичари од опозицијата поврзани со големи злоупотреби направени во минатото“.