Комисијата за европски прашања, во рамките на третата седница, одржа јавна расправа за Реформската агенда на Владата (2024 – 2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија.
Со седницата претседаваше потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, кој истакна дека Европската Унија има развиено сеопфатен план за раст, насочен кон економско зајакнување и стабилност на земјите членки и оние што се стремат кон полноправно членство.
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, кој ја подвлече важноста од спроведувањето на реформите, рече дека Планот не е замена за членството.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека предвидените реформи имаат за цел да го забрзаат интегративниот пат напред во неколку области, вклучувајќи го судството и борбата против организираниот криминал и корупцијата.