ДКСК ги презентира наодите за поранешниот министер за култура и советите во правосудството

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска користела државни пари за приватни цели на четиридневно службено патување во Велика Британија и Ирска минатата година во октомври каде присуствувала по повод 30 години дипломатски односи, утврдија антикорупционерите.

Како што реферираше членот на ДКСК Зоран Богоевски станува збор за сума од околу 760 британски фунти, а за ваквото трошење, најави дека доказите ќе ги испрати до надлежните истражни органи. При реферирањето на предметот не беше наведено на што Костадиновска Стојчевска ги потрошила парите, но претходно од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека таа со службената картичка купила куфер, подароци и чорапи.

Антикоруцпионерите ги квалификуваа и како незаконски одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со кои членовите на судски Антоанета Димовска и Ханиф Зендели и претседателката на обивнителскиот совет Душица Димитриеска се номинирани за нови членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Тие побараа од двата совета да ги стават вон сила одлуките со кои се врши недозволена акумулација на функции, затоа што требало да назначуваат активни судии и обивнители.

„Фактот што членовите на советитет што се назначени од редот на судиите и обвинителите не ја менува состојбата во однос на незаконитоста на одлуките истоот што од причина членовите, се избрани да ја вршат функцијата членови професионално, и во текот на мандатот, функциите судија и обвиниел им мируваат“, Биљана Каракашова Шулев – член на ДКСК.

Од друга страна пак, ДКСК оцени дека нема ништо незаконско во тоа што републчкиот обвинител Љупчо Коцевески и Претседатлеката н Врховен Беса Адеми се дел од управниот одбор на Академијата, за што донив беше поднесена анонимна пријава.

ДКСК поднесе иницијатива и за покренување на дициплинска и постапка за издавање прекршочен налог за членот на судски совет Антоанета Димовска, за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ за тоа што иницирала постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувало адвокатското друштво, каде e нејзинта сестра е адвокатката и екс пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*