“Извршната власт не може сама да постигне реформи во правосудството. Клучната улога ја има секој јавен обвинител, нивниот дигнитет и професионалност”, рече министерот за правда Филков на Националната конвенција на Европската унија во земјава.
Според правниот експерт од Хрватска Туркаљ, потребни се измени во Уставот со целосен консензус од власта и опозицијата и секако решителност општеството да се ослободи од лошо судство.
“Институциите треба поажурно да работат на податоците битни за постапката. Голема пречка е и незаживеаноста на интероперабилниот модел”, уверува судијката од Кривичниот суд, Алексовска Стојановска.
Обвинителствата ги одолговлекуваат истрагите со години, иако роковите се од 6-18 месеци. Ова остава простор и за корупција. Новинарот Маглешов вели дека роковите за Обвинителствата мора да се задолжителни. Во земјава најмногу се кршат човековите права поради долго траење на постапките согласни со учесниците.