Во интервју за Алфа, американската амбасадорка Ангела Агелер вели дека без оглед на исходот на претседателските избори во нејзината земја, надворешната политика на Америка остана доследна.
САД, додаде таа, ќе останат стратешки партнер на Северна Македонија.
Како што истакна амбасадорката, иако ги разбира фрустрациите на граѓаните на Северна Македонија поради проблемите со соседните земји и блокадата на патот кон ЕУ, таа силно верува дека земјата и припаѓа на ЕУ.