Нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.
„Подготвен сум да разговарам со секого, секаде врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е на да го направиме само првиот чекор“, рече Мицкоски денеска кој беше на средба со претставници на МАСИТ.
Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за Кривичниот законик и забелешките на ЕК, рече дека тој ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем, но вели дека тоа не го решава проблемот со „криминалците“ од изминатите седум години.
Тие, вели Мицкоски, не успеале за се да се амнестираат, најавувајќи дека деновиве јавноста ќе слушне.