Започнува Конференцијата за справување со илегалната трговија со оружје и криумчарењето мигранти

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со EU4FAST, во периодот 5-7 ноември во Скопје организира Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината.

“Југоисточна Европа, за жал, останува фокална точка за незаконско тргување со оружје и криумчарење мигранти и сите сме свесни за озогласената балканска рута. Согласно глобалниот Индекс за организиран криминал од 2023 година, трговијата со оружје во овој регион е на повисоко ниво отколку во Европа. Во овој регион се криумчарат нелегални оружја и мигранти кон Европа и затоа, во овој контекст, потребно е итно спречување на малото и лесно оружје”, посочи шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, на денешната конференција организирана од ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи, посветена на соработката меѓу полицијата и царината за трговија со оружје и криумчарење мигранти во Југоисточна Европа.

Амбасадорот Вал истакна дека ова е еден од најголемите проекти на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, вреден повеќе од осум милиони евра, а целта е подобрување на механизмите за размена на информации во реално време и подигнување на јавната свест за ризиците од ваквите активности.

“Покрај сите овие активности, пролиферацијата на ова мало и лесно оружје сѐ уште е на високо ниво и бара регионална акција, затоа сѐ повеќе работиме на негово намалување. Овој предизвик бара соработка во една иницијатива која што се спроведува низ целиот регион, а ги обединува полициските и царинските администрации, како и функционерите за спроведување на законите, со цел да можеме да ги спроведиме нашите цели. Нашите цели се подобрување на нашата рамка за соработка за одговор на недозволената трговија со мало и лесно оружје, јакнење на безбедносната инфраструктура, како и да ги испитаме сите начини на коишто можеме да ја продлобочиме нашата соработка за да можеме да ги разменуваме информациите во реално време”, рече Вал.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *