Во понеделникот, министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека процесот на уставни измени ќе започне кога ќе има предвидливост.
„Премиерот Христијан Мицкоски и јас во неколку наврати јасно кажавме дека иако ништо не е спорно кога станува збор за содржината на измените, сакаме да бидеме сигурни дека не само измените ќе го отворат процесот на преговори, туку и дека процесот ќе има завршница.
Откако ќе видиме дека процесот е обезбеден, може да започне имплементацијата на промените“, рече тој.