500 сертификати на поранешни функционери ќе бидат проверени од МВР, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Ќе се проверува и сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски. Минатата недела на собраниската седница премиерот Мицкоски извади папка во која кажа дека имало слични сертификати по англиски јазик кај директори од поранешната власт и дека ќе му ги даде на министерот за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури.
Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е невалиден.
Тој истакна дека МВР ќе постапува согласно законските прописи и дека се преземени процесни дејствија во неколку постапки.