ВМРО-ДПМНЕ тврди дека два совети во судството го прекршиле законот

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството.

Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, тој назначи свој член на таа позиција, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

“На 24 октомври Судскиот совет ја назначи Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет за член на УО на Академијата. Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители”, рече Лефков.

Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева.

“Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДСМ го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи? СДСМ треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?Димовска треба да си даде оставка од позицијата, а Судскиот совет колективно да ја понесе одговорноста за овој упад во системот”, побара Лефков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*