Телма: Христовски доби државна тајна расчистување на почетокот на неделата

Директорот на АНБ Бојан Христовски според сознанија на Телма го добил безбедносниот сертификат за „државна тајна“ на почетокот на неделата или во експресна постапка од десет дена откако на највисоката контраразузнавачка позиција стапи без него.

Тоа значи дека Христовски веќе ќе може да ги чита „државните тајни“, а не како што било случај претходните денови, заменик директорот да му ги прераскажува тие документи.

Инаку лице кое нема сертификат за определен степен на доверливост (државна тајна, строго доверливо или доверливо) не смее да добие никакви информации од содржина на такви документи, со што и овој начин на прераскажување на државни тајни е основа за гонење за сторено кривично дело.

Безбедносната проверка на Христовски во самата АНБ која ја раководи и издавањето на сертификатот во Дирекцијата за безбедност за класифицирани информации може да бидат нов доказ и за постапките во Антикорупциска комисија, Обвинителството и МВР.

Затоа што при таа проверка, тој што го испрашувал Христовски односно својот директор морал да го праша Христовски за јазичниот ТОЕФЛ сертификат од Бугарија и за наводите за непостоење на школото Јулија во Пловдив.

Тој одговор би бил клучен во истрагите на надлежните. Доколку Христовски не бил прашан од својот подреден за ТОЕФЛ сертификатот тогаш антикорупциската ќе треба да испита и можен судир на интереси од вработениот во АНБ или намерен пропуст.

Од друга страна, претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека доколку нема соодветен и важечки сертификат Бојан Христовски нема да може да присуствува на седници во глувата соба во Собранието наменета за разгледување на „државни тајни“. Тоа го одлучува надлежен вработен во Собранието, порача Гаши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*