Во четвртокот, Кабинетот на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска соопшти дека таа има само македонско и чешко државјанство, додавајќи дека во моментов не е носител на валиден бугарски патен документ и документ за идентификација.
На 14 септември минатата година, се додава, таа поднела барање за откажување од бугарско државјанство.
„За жал, одредени актери од Бугарија, на кои Македонија и Бугарија градат добрососедски односи со цел надминување на пречките за нашето членство во ЕУ не се интерес, наместо култура на дијалог, ја искористуваат ситуацијата.
Државјанството што го имала во минатото е добиено од економски причини, како што тоа го направиле многу македонски граѓани, а не како што некои актери сега сакаат да ја спинуваат вистината во смисла дека тоа се прави од национални причини“, нагласуваат од Кабинетот.