Премиерот рече дека владејачката коалиција е стабилна и го повтори ставот за уставните промени

“Владината коалиција е стабилна и цврста, речиси официјално две третини мнозинство во рамки на Парламентот. Секој којшто ги споделува и поддржува политиките на оваа Влада, може да се приклучи и да ги поддржува овие политики”, порача премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали е можно влегување на ЛДП во владината коалиција.

Дали ЛДП официјално би биле дел од владината коалиција, Мицкоски нагласи дека сè уште не разговарал „ниту во рамките на коалицијата, ниту пак во рамките на партијата“.

Во однос на пораката од претседателката на ЛДП, Моника Зајкова и дали е можно да се изгради натпартиски став за уставни измени со одложено дејство, Мицкоски рече тој и во говорот на 23 Октомври повикал на „натпартиска позиција за многу од отворените прашања“.

“Апсолутно јас и на говорот за 23 Октомври повикав на надпартиска позиција за многу од отворените прашања коишто според нас како Влада претставуваат озбилни предизвици. Така што, секој де добредојден, вратата е отворена, секој којшто ги споделува овие стравови, страв можеби е претежок збор, секој оној којшто е загрижен вратата е отворена може да ни се придружи”, изјави Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*