Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во однос на Извештајот на Европската комисија рече дека ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали е на власт или во опозиција, го гледа само својот личен интерес.
“Опозициската СДСМ оценува дека тоа е јасна порака за Македонија, а денешниот Извештај на ЕК ќе даде насока за тоа што е реалност за државата. Мене ми е многу жал што власта и од позиција на власт и од позиција на опозиција го гледа само и исклучиво сопствениот интерес. Република Северна Македонија ја има шансата да ги започне преговорите и да ги отвори поглавјата. И покрај тоа што верувам дека ќе следуваат изјави за тоа дека сите ние имаме заложба нешто да направиме, неопходно е и суштински важно навистина да направиме важен чекор или би рекла исчекор, во пристапувањето кон ЕУ”, кажа Славјанка Петровска.