Мицкоски повторно најави реформи со кои, како што вели,ќе се обиде да „ги ослободи судството и обвинителството од партиските стеги на ДУИ и на СДСМ“.
Викендов се сретнал со европскиот експерт за правосудство, Бранко Хорватин, од кого добил квалитетни идеи и очекува веќе следната недела да се сретне со министерот и заедно со експерти да почнат со работа, првин од Судскиот совет, па потоа од Советот на јавни обвинители.