Една директорка на училиште и една директорка на болница биле осудени на условни затворски казни откако признале вина за фалсификување на ТОЕФЛ Сертификат од училиштето „Јулија, ЦО. ЛТД“ во бугарскиот Пловдив, кое е истото училиште што се јавува како издавач на неговиот јазичен сертификат го посочува новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, јавува порталот „360 степени“.
И двете признале вина за што добиле условни затворски казни од две години кои би се реализирале доколку во наредните 4 години сторат ново кривично дело.
На 14 февруари, Министерството за внатрешни работи предводено од тогашниот министер во техничката влада Панче Тошковски, поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина Пресудата е донесена на 9-ти октомври годинава.
Обвинителството преквалификувано делото и наместо за „употреба на исправа со невистинита содржина“ како што стоело во пријавата на МВР, директорките се гонети за фалсификување односно дека изработиле непостоечки документ.