Сакам да го демантирам министерот ако рекол такво нешто, не сум го слушнал – таква работна група постои и се состои од претставници на коалицијата ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ.
Претставник на ЗНАМ е самиот министер, господинот Минчев и досега таа работна група веќе има две средби одржано“, вели Халил Снопче.
Иако Минчев и Снопче не се со ист став дали таква група постои, сепак се согласни дека правичната застапеност е уставна категорија. Пратеникот одговори и зошто досега предлогот на коалицијата ВРЕДИ не е поставен на јавна дебата, иако според најавите дебатата веќе требаше да се одржи.
„Уставната гаранција за правична и еднаква застапеност треба да се реши со закон, значи формирана е работна група да има предлог којшто ќе биде сеопфатен и сеприфатлив, да не одиме еднонасочно“, вели Халил Снопче.