По средбата со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, која ја оствари денеска, претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Јакимовски останува во ЗЕЛС.
„Се надевам на скорашна средба и со Костадинов, како најгласен против Заедницата. Колегата Перо Костадинов, кој е мој потпретседател во ЗЕЛС, а доаѓа од редовите на СДСМ, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со Општина Струмица“, пишува Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Порача дека ЗЕЛС е обединета и оти во наредниот период ќе продолжи со интензивна комуникација со Општина Струмица, како и дека ќе посредува помеѓу Карпош, Струмица и централната власт.
На средбата, иако беше поканет, не присуствувал струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.