Фактор.бг вели дека нема училиште по име „Јулиа“ за испити ТОЕФЛ во Пловдив

И покрај тоа што новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, во документите поднесени на конкурсот за доцент на Факултетот за безбедност вели дека поседува сертификат за ТОЕФЛ од Пловдивски центар за странски јазици по име „Јулиа“, Faktor.bg објави дека во бугарскиот град нема такво училиште за полагање англиски јазик.

Бугарскиот портал вели дека ги проверил податоците на Julia CO.LTD, додавајќи дека сепак нема такво училиште на адресите на кои се наведува.

Иако седиштето на компанијата беше на таа адреса, канцеларијата сега е затворена, додека компанијата чија основна дејност е превод и консалтинг сега работи онлајн. Во телефонски разговор со новинарот на Фактор.бг, жената која се јавила на телефонот, чиј број бил наведен во брошурата, изјавила дека компанијата моментално не издава сертификати за ТОЕФЛ и не организира обуки за тоа.

Жената исто така рече дека не се сеќава дали Јулија претходно воопшто имала такви тренинзи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*