Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, испрати писма до Претседателот и Премиерот на Република Албанија,на Косово, до Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Канцеларот на Германија Олаф Шолц, Претседателот на Франција Емануел Макрон и Државниот секретар на САД Ентони Блинкен.
Во овие писма, Ахмети ја изразува својата длабока загриженост за најновите политички и уставни случувања во Северна Македонија, кои ги загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во нашата мултиетничката држава.Ахмети во писмата истакнува дека трите последни одлуки – плановите за укинување на клучните одредби на Законот за употреба на јазиците, забраната за идентификација на етничката припадност во државните институции и формирањето на политичко мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници – претставуваат сериозни закани за мирот и стабилноста на земјата и регионот во целина.
Тој повикува на заедничка акција на меѓународните лидери за заштита на достигнувањата на Охридскиот договор и правата на Албанците во Северна Македонија.