Комисијата ги одобри реформските агенди на Северна Македонија и другите земји

Во средата, Европската комисија ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија по позитивното мислење на членките на ЕУ.

„Во нивните амбициозни реформски агенди, петте влади на Западен Балкан се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги преземат за да го поттикнат растот и конвергенцијата со ЕУ според Планот за раст во периодот од 2024 до 2027 година. Овој чекор беше клучен за да се овозможи плаќање во рамките на Фондот за реформи и раст на ЕУ од 6 милијарди евра, кој ќе биде направен по завршувањето на договорените реформски чекори“, се вели во извештајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*