Бирото за јавна безбедност се обрати на завршниот дел од конференцијата IACP

Во текот на завршниот дел од годишната Конференција на Меѓународната Асоцијација на шефови на полиции, Директорот на БЈБ г. Александар Јанев учествуваше на панел дискусија за прекуграничната соработка во регионот.

Во текот на дискусијата, Директорот Јанев ја истакна важноста од тесна соработка со соседните држави, која се базира на принципите на доверба, транспарентност и несебична заложба за заедничка борба против криминалот.

Еден од најефикасните начини за водење на истрагите е воспоставувањето на заеднички истражни тимови, во рамки на кои зајакнатата полициско-обвинителската соработка помеѓу инволвираните држави е клучен фактор за успех во истрагите и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

Беше презентиран и случај преку кој учесниците и меѓународните партнери можеа од блиску да се запознаат како функционира соработката помеѓу полициите во координација на обвинителствата на Македонија и Косово.

Целта е заедничка, силна посветеност во насока на спречување и откривање на прекуграничниот криминал и сузбивање на криминалните групи и организации кои делуваат во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*