Реформска агенда Последна верзија: Распуштањето на советите во судството не е меѓу обврските

И последната верзија на реформската агенда од планот за раст ги потврдува информации кои Телма веќе ги објави дека владата пред Брисел се обврзала дека реформи ќе има но не и распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Според документот што беше презентиран во синоќешната Топ Тема, нов закон за Судски совет ќе биде усвоен во согласност со оценската мисија за функционирањето на Судскиот совет од септември 2023 година и според мислењето на Венецијанската комисија, со рок за усвојување јуни 2025 година.

Во документот се посочува и процедурата според која, ќе се бираат членовите на советот на кои им истекува мандатот пред донесувањето на новиот закон. Бидејќи изменетиот закон за судски совет е планиран да се донесе во јуни 2025 година, овие членови ќе бидат избрани според процедурите од постоечкиот закон, пишува во документот.

Прецизно се утврдени и правилата според кои ќе се менуваат и законите за јавното обвинителство и за советот на јавни обвинители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*