Централното претседателство на ДУИ ја анализира актуелната политичка состојба и други теми

Централното претседателство на ДУИ во понеделник одржа состанок на кој беа анализирани актуелните политички состојби и други теми.

„ДУИ со сериозност и загриженост ги следи сите политички настани во земјата и регионот, почнувајќи од одвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ, поради што нашата оценка е дека има многу лошо влијание врз етничките односи во оваа земја. Потоа, Централното претседателство изразува загриженост и за меѓуетничките односи, кои се напаѓани од политиката на оваа моноетничка влада, која нема легитимитет“, рече портпаролот на партијата Арбер Адеми.

Во однос на втората точка, тој рече дека е донесена одлука да започнат отворените седници на ограноците на ДУИ со граѓаните. Иако не се разговараше за прашањето за протести, тоа е дел од агендата, објасни Адеми.

Запрашани за ставот на владата дека уставните измени треба да стапат на сила откако земјата ќе влезе во ЕУ, ставот на ДУИ е дека секој обид за преформулирање на обврските ќе ја оддалечи земјата од стратешката цел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*