Филипче критички настроен и кон Албанската академија и најави спојување на агенциите

Етнизирањето на науката не носи никаков квалитет, а дисперзија на научни институции би значело дополнително намалување на квалитетот на науката. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче ја коментираше иницијативата на Коалицијата „Вреди“ за формирање на албанска академија на науки и уметности.

Во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Собранието тој рече дека за да има некаков прогрес во науката би требало да се зголемат средствата посветени кон научно-истражувачката дејност, додека формирање на албанска академија на науки и уметности би значело само намалување на квалитетот на науката.

Тој најави дека партијата ќе ги извести сите стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и истовремено ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова да го запре најавеното спојување на АНБ со Агеницијата за разузнавање.

“Ја повикувам и претседателката Сиљановска – Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше”, рече лидерот на опозициската СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*