Случај за бонуси на СЈО: Хајрулахи достави службени белешки до Советот на обвинители

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи ги доставил службените белешки од разговорот во кој тој тврди дека државниот обвинител Љупчо Коцевски му вршел влијание во врска со предметот за бонусите на поранешното СЈО.

Во изјава за Канал 5 Хајрулахи вели дека останува на претходно изнесените тврдења за директен притисок од Коцевски и покрај тоа што државниот обвинител го негира тоа.

Од Советот на јавни обвинтели од каде најавија дека неделава ќе се консултуираат околку тоа како понатаму ќе постапуваат во случајот и дали тој ќе добие институционлана разрешница, не одговорија на нашите повици. Седница советот има закажано за утре, но неизвесно е дали на неа ќе бидат разгледани и доставените службени белешки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*