Посакувано сценарио за нас е Бугарија да добие стабилна Влада, во спротивно тешко ќе биде да се стигне до компромис во наша полза, смета шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
И тој и министерот за европски прашања Орхан Муртезани се на иста линија дека мора земјава да се бори за прицнип во кој ќе ги заштитиме државните интереси, а не преку брзи уставни измени да почнат преговорите кои не се знае дали ќе завршат.
Одложеното дејство кое го нуди Владата оценуваат дека не е целосно отфрлено од Брисел, затоа велат стратегијата на Владата е да продолжи со активна комуникација со меѓународните партнери. Седмите парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат во недела, а според анкетите најголема поддршка има партијата ГЕРБ на Бојко Борисов.