Петицијата за прашањето Коцевски-Хајрулахи засега не е примена во Советот

За тврдењата на вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека републичкиот обвинител Коцевски му вршел притисок за случајот со бонусите на екс обвинителите од СЈО, од Советот на јавните обвинители велат дека дознале пред два дена од медиумите.

Претседателката Душица Димитриевска во кус разговор за Канал 5 кажа дека за случајот до нив не пристинала никаква претставка или допис и дека од понеделник со останатите членови ќе дискутираат како понатаму ќе постапуваат и дали ќе ги контактираат обвинителите. Дека досега не бил исконтактиран од Советот, за Канал 5 потврди Хајрулахи.

Тој лично смета дека токму поради случајот со бонусите во СЈО, повисокото обвинителство на 10 октомври во скопското вишо обвинителство испратило работна група за надзор, во која според него имало и двајца обвинители кои не смееле да постапуваат поради судир на интереси.

“Тука е проблематично дали јавен обвинител кој учествувал активно во предметите од поранешното СЈО, а тоа е Лиле Стефанова може да врши надзор над нејзиното работење, бидејќи таа била активна во еден од предметите врз кого што е извршен надзорот. Другиот обвинител е Елвин Вели кој беше член во работната група исто така до пред неговиот избор во ЈО на РМ беше и мој закменик како шеф на вишото и неговите предмети се уште се активни и кружат низ вишото јо и тука е дискутабитлно дали обвинителот елвин вели можел да учествува во работната група. Мое размислување дека е причинско – последична врска”, изјави Хајрулахи.

Потенцијалниот скандал денеска, на новинарско прашање, го коментираше и премиерот Мицкоски, кој очекува Коцевски да излезе и јавно да го објасни целиот случај.

“Шокантно успеав да го прочитам и ако е тоа така мислам деак државниот јавен обвинител да излезе во јавноста да објасни што е вистината. Ние уште писмито на катица јанева уште не сме го виделе . кое овможи овие процеси коки беа во СЈО кое се распадна поради чантата продолжија да фнкционираат ние како политичка партиај сме се уште жртва иако е јасна пресудата од Апелација. Така што имаме многу работи за кои треба да се даде објаснување исто така треба да се даде објаснување од тие материјали има многу работи за кои јавното обвинителство да даде одговори”, изјави Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*