Првото рочиште за случајот што Левица го покрена против новинарката на Канал 5, Михаела Димовска, главниот и одговорен уредник Гоце Михајлоски и телевизијата, закажано за четврток, беше одложено бидејќи отсуствуваше законскиот застапник и лидер на партијата, Димитар Апасиев.
Според Левица, Канал 5 во својата информативна програма незаконски објавил внатрепартиски документ, класифициран како деловна тајна и со тоа сториле кривично дело неовластено објавување лични белешки (член 148 од Кривичниот законик).
Од друга страна, претставниците на Канал 5 рекоа дека тужбата е неоснована и претставува политички притисок врз медиумите.